Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан на почетокот на 2020 година и тоа беше вистински потег за „росонерите“. Иако има 39 години, Швеѓанецот игра во неверојатна форма, па тој е еден од најдобрите фудбалери на Милан.
Прво потпиша договор на половина година, но откако одигра одлично во вториот дел од минатата сезона, Милан му понуди нова соработка и Ибрахимовиќ ја прифати.
Шведскиот напаѓач и сезонава игра одлично и по пет години се врати во репрезентацијата на Шведска, а сега има договор до крајот на сезоната, но „росонерите“ сакаат да потпишат нов договор.
Милан му понудил договор на Ибрахимовиќ до 2022 година и очигледно двете страни се договориле.
What’Z happening? ⏳ #SempreMilan #ReadyToUnleash pic.twitter.com/RnQOgDOkhs
— AC Milan (@acmilan) April 22, 2021