Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Фудбалскиот гигант од Италија, Милан, се договори со Манчестер Сити за позајмица на искусниот десен бек, Кајл Вокер. Договорот вклучува и опција за трајно купување, иако финансиските детали за евентуалниот трансфер се уште не се објавени.
„Росонерите“ успеаја да ги завршат долгите преговори со „граѓаните“, што им овозможува да го добијат Вокер за оваа сезона. Ако играчот го оправда доверението, Милан ќе има можност трајно да го задржи на „Сан Сиро“ со откуп на неговиот договор.
Вокер ќе ги помине медицинските прегледи во четврток, по што ќе се приклучи на тимот и ќе биде на располагање на тренерот Сержио Консеисао.