Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан игра фантастично сезонава, па по пет одиграни меча во Серија А се наоѓа на првата позиција со 13 бодови, односно четири победи и едно реми.
„Росонерите“ ја продолжија серијата од 26 меча без пораз, откако синоќа одиграа 3-3 против Рома, иако на трипати имаа предност во натпреварот.
Интересно е тоа што Милан успеа да израмни рекорд стар 61 година. Тие во 1959 година успеаа на 11 натпревари по ред да постигнат најмалку два гола на секој од нив во сите натпреварувања.
Италијанскиот тим следниот меч го игра против Спарта Прага во Лигата на Европа, па ќе има можност да го урне рекордот стар шест децении.
11 – #Milan have scored 2+ goals for 11 consecutive games in all competitions, equalling their own such record of 1959. Plenty.#MilanRoma
— OptaPaolo (@OptaPaolo) October 26, 2020