Милан ја „краде“ големата желба на Барселона од Динамо Загреб


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Милан планира да ангажира уште неколку фудбалери во јануари со кои сака да ги подобри резултатите во вториот дел од сезоната и планира да заврши на позиција, која би им обезбедила излез во европските натпреварувања во следната сезона.

Според хрватските медиуми, одличниот фудбалер на Динамо Загреб, Дани Олмо е на чекор до потпис со Милан, иако во претходниот период се поврзуваше со Барселона.

Наводно, главна улога во преговорите имал Звонимир Бобан, кој се договорил со клубот од Загреб за трансфер на младиот Шпанец.

Динамо ќе добие околу 20 милиони евра, плус бонуси од различни клаузули, па така вкупниот трансфер на Олмо би можел да достигне цена од 30 милиони евра.