Милан ќе се бори со Рома за потпис со напаѓач на Торино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан и Рома во летниот преоден рок ќе бидат активни, а наводно двете екипи сакаат напаѓач и изборот паднал на Андреа Белоти од Торино.

Овој 28-годишен фудбалер е еден од најсветлите точки на Торино, а беше желба на Милан и пред неколку години, но тогаш „росонерите“ не го купија.

Белоти ѝ се допаѓа и на Рома, која го гледа како замена за Един Џеко, но во пол-позиција се наоѓа Милан, кој наводно е подготвен да плати 25 милиони евра за напаѓачот, па останува да видиме каде ќе се пресели Италијанецот.

Напаѓачот сезонава одигра 26 меча во Серија А, а притоа постигна 11 голови и шест асистенции.