Милан ќе се засилува со германска ѕвезда од ПСЖ?


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Германските медиуми објавија дека Милан планира на лето да тргне по услугите на ѕвездата на ПСЖ, Јулијан Дракслер, кој не добива голема минутажа во Париз.

Милан бара засилување на крилните позиции, па изборот на раководството паднал токму на Дракслер, кој е подготвен да замине од ПСЖ, а исто така неговиот договор трае до крајот на сезоната и на лето ќе биде слободен агент.

„Росонерите“ сакаат да ја искористат таа ситуација и веќе го контактирале неговиот агент, а наскоро се очекуваат официјални преговори.

Драклсер, наводно, прифатил да се пресели во Милан, но само ако екипата следната сезона игра во Лигата на шампиони, а „росонерите“ се на добар пат да се пласираат во елитното натпреварување.