„Милан ми ја уништи љубовта кон фудбалот – доста ми е од сè!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рикардо Монтоливо објави дека заминува во пензија, а за својата одлука како најголем виновник го обвинува неговиот последен клуб Милан.

Италијанецот беше без клуб од минатото лето кога му заврши договорот со Милан, а од екипата се прости со тоа што им порачал дека му ја уништиле желбата за фудбал.

„Ќе останам да живеам во Милано со моето семејство. Што ќе работам, уште не знам, морам добро да размислам. Милан ме натера да се пензионирам. Не добив шанса последен пат да се поздравам со навивачите, а играв тука дури седум години“, порача Монтоливо.

Монтоливо одигра 348 меча во Серија А и постигна 25 голови, а беше член на Аталанта, Фиорентина и Милан.