Милан на праг да го купи најскапиот фудбалер во историјата на Премиерлигата!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Седумкратниот европски шампион и актуелен италијански првак, Милан планира следното лето да направи еден од најголемите трансфери во историјата затоа што сака да го купи Џек Грилиш од Манчестер сити.

„Калчомеркато“ објави дека „росонерите“ се заинтересирани за Грилиш, кој не ги задоволи барањата на тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Паоло Малдини и Фредерик Месара веќе работат на трансферот кој би требало да чини околу 70 милиони евра, иако „граѓаните“ претходно за него платија неверојатни 117,5 милиони фунти.

Милан следното лето ќе го продаде Рафаел Леао, и тоа најверојатно во Челси за сума од 70 до 80 милиони евра, по што тие пари сака да ги инвестира во трансфер на англискиот репрезентативец.