Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан одигра 3-3 против Рома во петтото коло и така ја продолжи серијата без пораз во Серија А.
Златан Ибрахимовиќ го отвори резултатот во втората минута, а Един Џеко во 14. минута израмни на 1-1.
„Росонерите“ го вратија водството во 47. минута на 2-1, но Рома израмни од пенал во 71. минута.
Ибра го постигна вториот гол на мечот во 79. минута за 3-2а Кумбула во 84. минута израмни на 3-3.
Милан не го дава врвот и има 13 бодови, додека Рома е деветтопласирана со осум бодови.