Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан во 2017 година пазаруваше од Порто, од кадешто го ангажираше Андре Силва како големо засилување. Но, Португалецот не се прилагоди на „Сан Сиро“, па во 2018 година беше испратен на позајмица во Севилја, која имаше опција да го откупи неговот договор на крајот на сезоната за 38 милиони евра.
Силва одлично се прилагоди во Севилја и сезонава одигра 27 натпревари и постигна девет голови во шпанската Ла Лига, а шпанскиот тим се подготвуваше да го откупи.
Сепак, по одличниот старт следуваше лош дел од сезоната, па Силва се повреди и не играше во последните месец ипол.
Тренерот на шпанскиот тим, Јоакин Капарос го смени својот тон кога зборуваше за Силва и следуваа критики на негова сметка.
„Силва нема да биде подготвен за мечот против Атлетико Мадрид. За тоа треба да се разговара. Имаше добар почеток и сега речиси два месеци е без настап. Останува конечната одлука на раководството“, вели Јоакин.
Очигледно Севилја нема доверба во Силва, па најверојатно Португалецот ќе се врати во Милан на крајот на сезоната.