Милан не прекинува со купување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера во Милан пристигна Хозе Соса, поранешен играч на Атлетико Мадрид и Баерн Минхен, но Милан не прекинува со купување играчи.

Наводно Милан покажува интерес за Лукас Леива, фудбалер на Ливерпул.

Леива е во втор план кај Клоп, а мака мачи и со повредите така да веројатно е на излезни врати од Енфилд.

Договорот со Ливерпул му истекува во Јуни следната година, и тој е на листата играчи кои Монтела ги бара во Милан.

Штом на играч му истекува договорот, тука е Милан да го собере, се навикнавме да гледаме такви трансфери во последните години од страна на тимот од Сан Сиро.