Милан нема да го смени тренерот и тоа од најлоша можна причина


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Милан е во многу тешка ситуација, а вечер ги очекува меч против Џенова, кој би требало да биде решавачки за тренерот Марко Џампаоло, меѓутоа според италијанските медиуми, тој нема да ја загуби работата.

Причината е поради тоа што нема алтернатива за нов тренер. управата беше одбиена од сите тренери кои ги контактираше, а Лучано Спалети бара премногу пари.

Се шпекулираше дека клубот би можел да го преземе Клаудио Раниери, меѓутоа екипата не смета дека искусниот тренер е решение, па му дава предност на Џампаоло, кој нема кого да го замени.

Џампаоло порача дека не сака да даде оставка, зашто има договор на два милиони евра годишно, па таков договор тешко дека ќе добие некаде во Италија.

Поради тоа, најреална ситуација е да остане на кормилото на Милан, барем до ноември, зашто клубот не знае што да прави во моментов.