Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан е подготвен да испрати понуда до Олимпик Лион за нивниот фудбалер Мемфис Депај, кој би ги чинел околу 20 милиони евра плус процент од следната продажба.
Овој 26-годишен фудбалер во моментов е на пауза поради тоа што е повреден, но без разлика на тоа, првенството беше прекинато во Франција, па ќе мора да почека за фудбал до следната сезона.
Депај има договор со Лион до 2021 година и не сака да го продолжи, поради тоа што неговиот клуб следната сезона нема да игра во европските натпреварување.
Тоа ќе се обиде да го искористи Милан, кој ќе понуди само 20 милиони евра колку што би изнесувал трансферот на Депај, иако тој е проценет на сума од 50 милиони евра.
Депај во минатото настапуваше за ПСВ, но и за Манчестер јунајтед каде што не се прослави.