Милан оди по потпис на плејмејкер од Реал Мадрид

Себаљос веќе нема простор во составот на Реал Мадрид, па „кралевите“ го информирале дека може да почне да си бара нов клуб.

28-годишниот играч за врска претходното лето ги одби неколку понуди надевајќи се дека ќе се докаже во составот на Карло Анчелоти, но сега е подготвен за промена на средината.

Во оваа сезона добива малку минути на теренот, а Милан гледа можност да го искористи ова, бидејќи трага по квалитетен играч за среден ред.

Реал бара 15 милиони евра за да му даде на Себаљос слобода, и ова е сума која „росонерите“ се подготвени да ја платат.