Милан пазари од Реал Мадрид, алтернатива е Србин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Винченцо Монтела го гледа Србинот како резервна опција ако не успее да го доведе бекот на Реал Мадрид.

Милан и новиот тренер Винченцо Монтела сакаат да ја засилат одбраната. Првата желба на стручниот штаб на росонерите е дефанзивецот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, а ако не се договорат со кралскиот клуб алтернативата е Ненад Томовиќ.

Ако стигне на Сан Сиро, Арбелоа ќе може да се каже дека играл за трите најтрофејни клубови, Реал, Милан и Ливерпул.

Идејата на Монтела е да го прекомандува Арбелоа на позицијата централен дефанзивец бидејќи десно го имаат Де Шиљо кој игра фантастично на ЕП.