Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата, а се споменува можно враќање во поранешниот клуб Милан, кој е подготвен да го ангажира, но по посебни услови кои ги поставиле за него.
Преговорите кои беа прекинати минатата недела, очигледно продолжиле во претходните денови, а Милан е подготвен да му понуди договор на Ибрахимовиќ на шест месеци.
Ибра во тој период би морал да се избори за дополнително продолжување на договорот на уште една година, но соработката би можела и автоматски да се продолжи.
Наводно, била поставена клаузула за одреден број одиграни натпревари и постигнати голови, кои би му овозможиле автоматско продолжување на договорот.