Милан подготвува понуда за фудбалер на Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Милан се подготвени да испратат понуда во висина од 35 милиони фунти за играчот на Арсенал, Лукас Тореира.

„Росонерите“ ќе го обноват интересот за играчот кој сакаа да го ангажираат и во јануарскиот преоден рок, но не успеаја во таа намера.

Тореира не се изнаигра под водство на Микел Артета, па затоа се верува дека ќе му биде дозволено да ја промени средината во летниот преоден рок.

Тореира токму од Серија А пристигна во Арсенал, играчот од средниот ред со успех го носеше дресот на Сампдорија.