Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Денеска во словачкото првенство се одигра натпревар помеѓу тимот на Серед во кој брани нашиот Дејан Илиев, и итмотна Нитра во кој ударна игла во нападот е Милан Ристовски.
Победник на средбата беше гостинскиот тим на Нитра кој славеше минимално со 1:0, а единствениот гол на средбата беше дело токму на Ристовски.
Ристовски постигна одличен погодок од слободен удар. Напаѓачот упати фантастичен удар, а Дени Илиев не можеше да стори ништо и да ја зачува мрежата.