Милан се договори со Челси, доаѓа ново засилување на „Сан Сиро“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фикајо Томори во следните денови ќе пристигне во Италија, каде што ќе го засили тимот на Милан. „Скај Спорт“ објави дека дефанзивецот ќе си замине од Челси.

Милан ќе го позајми Томори до следното лето, а потоа ќе има можност да го откупи неговиот договор.

Ова 23-годишно момче има еден настап за Англија, но на „Стемфорд бриџ“ не добива шанса и оваа сезона запиша четири настапи, додека во Милано ќе биде важен во ротација и борбата за титулата.

Со оглед на тоа дека Милан игра во Купот и Лига Европа, ќе мора да има широк кадар за да може да се соочи со сите пречки.