Милан се „изгоре“ и не сака да ја повтори грешката: Бенасер добива богат договор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лидерот во Серија А, Милан минатото лето остана без Џанлуиџи Донарума и Хакан Џалханоглу кои си заминаа бесплатно, а „росонерите“ на ист начин би можеле да го загубат и Франк Кеси, па не сакаат повторно да се „изгорат“ и затоа планираат да му го продолжат договорот на Бенасер.

Донарума, Чалханоглу и Кеси ја разбудија управата на Милан, кој не сака да им се повторува такво сценарио во иднина, па затоа потпишаа договори со Кјаер, Салемакерс, Габија и Калабрија, а последен во серијата со нови договори треба да стане и Бенасер.

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан е подготвен да му даде двојно поголема плата на Бенасер, кој треба да заработува по три милиони евра годишно, а ќе стави потпис на соработка до 2024 година.

Милан сезонава игра многу добро и доколку продолжи вака, тогаш ќе биде сериозен кандидат за Скудетото.