Милан се обидува на секој начин да го донесе Дамфрис од ПСВ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСВ, Дензел Дамфрис, кој игра како стопер, е мета на Милан.

Раководството на Милан го гледа како идеална замена за Давиде Калабрија, а Рикардо Родригез треба да игра голема улога во трансферот.

Според медиумите од Италија, управата на Милан работи на овој трансфер уште од февруари, па би било вистинско чудо доколку не успеат да го доведат.

Негов агент е Мино Рајола, кој е познат по многу добра соработка со управата на Милан, што е уште еден позитивен знак.

Калабрија ќе се продава на крајот на сезоната, а цената би можела да се намали со вклучување на Родригез во договорот.