Милан си договори засилување во одбраната!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан се договори со Малик Чоу, кој треба да ги помине медицинските прегледи и утре ќе потпише договор со калчолигашот.

Младиот 21-годишен стопер доаѓа од екипата на Шалке, а Милан за неговите услуги ќе плати пет милиони евра.

Младинскиот репрезентативец на Германија го носеше дресот на Шалке дури четири години и привлече интерес од италијанскиот гигант, кој реши да го ангажира талентираниот дефанзивец.

Милан сè уште не заврши со засилувања, па додека трае преодниот рок ќе се обиде да купи уште неколку фудбалери за да има доволно силен состав за одбрана на титулата во Серија А.