Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Милан вечерва на домашен терен со пресврт победија против Селтик со 4-2 во мечот од 5-то коло во групната фаза од Лига Европа.
Селтик одлично го отвори натпреварот и во осмата минута водеше со 1-0 со голот на Рогиќ, по што во 14. минута Едуард зголеми на 2-0.
Меѓутоа, Милан успеа експресно да израмни на 2-2. „Росонерите“ преку Чалханоглу намалија на 1-2, а само две минути подоцна Кастилјехо израмни на 2-2.
Во продолжение од мечот Милан направи пресврт. Домаќините во 50. минута погодија за 3-2 преку Хауге, а конечните 4-2 ги постави Диаз во завршницата од натпреварот.