Милан сонува за Скудето: Пиоли носи големо засилување од Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан сака сезонава повторно да се бори за самиот врв во Серија А, а за тоа ќе им бидат потребни нови засилувања. Италијанските медиуми пишуваат дека изборот веќе паднал на играчот на Рома, Лоренцо Пелегрини.

Пелегрини има уште една година од договорот со Римјаните, а засега преговорите за нова соработка не течат во вистински правец.

Жозе Мурињо не сака да го изгуби Италијанецот, затоа што Пелегрини е одличен фудбалер, но очигледно нема избор, а Милан ја следи будно ситуацијата во Рим.

Милан планира да го ангажира фудбалерот на Рома, а тоа ќе се обиде да го направи уште во јануари, кој би можел да биде последна шанса за Рома да заработи нешто од трансфер на Пелегрини.