Милан тргна во акција: Две големи засилувања, првото пристигнува утре!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан синоќа го одигра првиот меч во новата сезона во Серија А на гостувањето кај Удинезе и загуби со 0-1.

Поразот донесе незадоволство кај „росонерите“, но уште поголемо незадоволство предизвика играта на тимот.

Сепак, Милан до крајот на летниот преоден рок планира да ангажира уште две засилувања. Едно од нив треба да биде Серж Орие од Тотенхем, а второто е Андре Кореа.

Милан уште утре би можел да го реализира трансферот на Кореа од Атлетико Мадрид, со оглед на тоа дека Еспањол е подготвен да го ангажира Андреа Силва на позајмица.

Според шпански „АС“, Кореа бил единствениот фудбалер од првиот тим на Атлетико, кој во понеделникот не тренираше, иако имаше тренинг во теретана, па поради тоа се шпекулира дека ќе се пресели во Милано.