Милан вечерва потврдува голема вест на која ќе се израдуваат навивачите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Милан по денешниот натпревар со Калјари треба да објави продолжување на соработката со Златан Ибрахимовиќ.

Дуелот е закажан за 20:45 часот на „Сан Сиро“, а бројни италијански медиуми пренесуваат дека Милан потврдата за договорот ќе ја објави или за време на натпреварот или после него.

Швеѓанецот беше пред заминување од клубот, но со самото останување на тренерот Стефано Пиоли се зголемија шансите тој да остане во клубот и следната сезона.

Ибра во последно добива многу пофалби поради начинот на кој ги води играчите на теренот.