Милан во „пет за 12“ се засили со фудбалери од Барселона и Волфсбург!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан тргна во одбрана на титулата, но до крајот на летниот преоден рок реши да се засили со уште неколку фудбалери, па во последните часови пристигнаа играчи од Барселона и Волфсбург.

Милан доби нов дефанзивец, откако се договори со Барселона за позајмица на Сержињо Дест со опција да биде откупен за 20 милиони евра на крајот на сезоната.

Во екипата од „Сан Сиро“ пристигна и Астер Вранкс од Волфсбург, кој исто така ќе игра на позајмица до крајот на сезоната со можност да биде откупен за 12 милиони евра.

Дест претходно беше желба на Виљареал и Манчестер јунајтед летово, но сепак Милан беше најупорен и се договори со Барселона.