Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стефано Пиоли, наводно, во моментов е најблиску до клупата на Милан, но навивачите се обидуваат да го запрат неговото ангажирање.
Марко Џампаоло беше промашување на управата на Милан и по само седум кола ќе го напушти кормилото на „росонерите“.
Навивачите почнаа кампања на социјалните мрежи, со кои сакаат да го запрат Пиоли од пристигнување во Милано, зашто не сакаат тренер кој јавно признал дека навива за Интер, а притоа има катастрофални резултати во својата кариера.
Пиоли освен Интер водеше и второлигаши, како Болоња, Палермо, Киево, Сасуоло, Лацио и Фиорентина, но без никакви посериозни резултати.
Во Серија А ги водел клубовите на 310 меча и од тогаш запша 109 победи, 89 нерешени резултати и дури 112 порази.