Миленкоски го објави поширокиот список со одбојкари на Македонија


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јошко Миленкоски, селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, го објави проширениот список на играчи на кои ќе се потпира за Златната Европска лига 2025. Исто така, овој состав е предвиден и за квалификациите против Грција и Грузија за Европското првенство 2026 година.

Во овој список се вклучени искусни репрезентативци кои во повеќе наврати играа за македонскиот тим. Сепак, Миленкоски внесе свежина со повикување на нови играчи. Филип Станков и Петар Џерков, за прв пат се повикани во сениорскиот тим.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија