Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија со победата против Данска од 3-1 во сетови заврши половина работа за пласман во осминафинале на Европското првенство (ЕП), но допрва следи најтешкото и затоа селекторот Јошко Миленкоски ги смирува страстите.
Миленкоски вели дека победата против Данска е позитивна, но може да има негативен ефект и затоа ги повика сите смирено да ја пречекаат Црна Гора в сабота од 20 часот во „Борис Трајковски“.
„Ова беше возбудлив натпревар, но ве молам без еуфорија. Нè очекува тежок натпревар против Црна Гора. Свесни сме дека победивме во тежок меч. Секој поен беше возбудлив, но бевме и под притисок. Мора да кажам дека ова беше извонредна победа“, вели Миленкоски.