Миленковски: Осминафиналето ни е во раце, но нема да запреме таму!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија загуби од Полска со 0-3 во сетови во третиот меч од Европското првенство (ЕП), но овој пораз нема да ги демотивира одбојкарите на селекторот Јошко Миленковски.

Воведните две победи против Данска и Црна Гора завршија најголем дел од работата и Македонија најверојатно ќе игра во осминафиналето, освен ако не се искомплицира ситуацијата.

„Игравме против најдобрите на планетата. Сепак, треба да го заборавиме овој пораз и да се фокусираме на следниот натпревар. Целта ја остваривме, се пласиравме во осминафиналето, освен ако не се оствари некое црно сценарио. Одиме на победа против Холандија и Чешка, во обид да ја избегнеме Италија во осминафиналето“, кажа Миленковски.