Милевски: Фудбалерите имаат проблеми во клубовите кои мора да бидат решени!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонија загуби на гостувањето кај Хрватска во Риека со 0-3 во првиот пријателски натпревар во јуни.

Избраниците на Благоја Милевски потфрлија на теренот и го запишаа најголемиот пораз во меѓусебните средби против Хрватска.

„Честитки до Хрватска. Покажа дека е подобра репрезентација од нас, иако иамвме неколку добри шанси. Во секој случај одиме понатаму, но пред сè се надевам дека играчите кои имаат проблеми со минутажата во клубиовите, ќе го решат тоа и ќе бидат поконкурентни на теренот. Не сум задоволен од тактичката дисциплина и физичката подготовеност“, кажа Милевски.