Милевски ги избра фудбалерите со кои ќе го нападне Исланд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија од 18 часот го игра последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар, а за противник го имаме ептен незгодниот Исланд.

Селекторот Благоја Милевски ги отвори картите, па направи само една промена во екипата со која го освои Ереван, односно ја прегази Ерменија со 5-0.

На бековската позиција се враќа капитенот Стефан Ристовски, откако му помина суспензијата за жолти картони и ќе го замени Стефан Ашковски.

ФОТО: ФФМ