Милевски ги избра фудбалерите со кои ќе ја нападне Грузија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија од 20.45 часот во Скопје ќе ја нападне Грузија во третото коло од групата 4 во Ц-Дивизијата на Лигата на нации.

Македонскиот селектор Благоја Милевски ги избра фудбалерите со кои сака да слави во денешното дерби и така да го преземе првото место во групата.

Милевски го избра Столе Димитриевски на голот, Стефан Ашковски е десен бек, Езгјан Алиоски ќе биде лев бек, додека Дарко Велковски и Висар Муслиу ќе играат како стопери.

Во останатите делови од теренот ќе заиграат Енис Барди, Стефан Спировски, Александар Трајковски, Дарко Чурлинов, Елиф Елмас и Милан Ристовски.

ФОТО: ФФМ