Милевски ги избра воините со кои ќе ја нападне Бугарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот ќе ја нападне Бугарија во последниот меч од групната фаза во Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски реши да го нападне нашиот источен сосед во формација 4-4-2 со тоа што дел од екипата нема да биде Дарко Велковски, кој направи грешка против Грузија.

На голот на Македонија ќе биде Димитриевски, додека пред него се Бејтулаи, Зајков, Муслиу и Тодороски.

Во средниот ред ќе играат Трајковски, Барди, Елмас и Алиоски, додека во нападот се Миовски и Ристовски.