Милевски: Играчите ги исполнија задачите, но не успеавме да победиме


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во денешниот пријателски натпревар во Скопје, Македонија заврши без голови против Летонија (0-0).

Селекторот Благоја Милевски изјави дека играчите успешно ги завршиле сите поставени задачи, но нема среќа за постигнување гол.

„Сè што планиравме за овој натпревар, го реализиравме. Пробавме нова тактика која ќе ја користиме понатаму, и сум задоволен како играчите ги извршија задачите. Радува што сите кои играа денеска ја оправдаа довербата. Ова ми дава увереност дека можам да сметам на секој играч за кој било позиција во иднина. Сите 28 играчи во тимот го вложуваат својот максимум, без разлика на минутите поминати на теренот“, изјави Милевски.