Милевски: Имаме јасна цел, одиме на победа против Украина!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги избра фудбалерите на кои ќе смета на мечот од евроквалификациите против Украина.

Македонија има ист број на бодови како и Украина, па со победа би можела да се вклучи во трката за втората позиција во групата.

Милевски не може да смета на напаѓачите Илија Несторовски и Дориан Бабунски, но затоа во селекцијата се враќаат Валон Етеми и Дарко Чурлинов.

„Сите натпревари се важни. Само победа ни одговара, исто како и на Украина. Очекувам отворен натпревар бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следат дуели со Италија и Англија“, кажа Милевски.