Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија вчера го заврши учеството на Европското првенство (ЕП) на кое запиша три порази, но ќе остане запаметена по храбрата игра против сите ривали, како и по пензионирањето на Горан Пандев и заминувањето на селекторот Игор Ангеловски
Ангеловски вчера ја предводеше Македонија за последен пат против Холандија, по што на прес-конференцијата кажа дека заминува од репрезентацијата, а на негово место доаѓа предводникот на младата селекција, Благоја Милевски.
Ангеловски има договор со Македонија до следниот месец, но синоќа потврди дека заминува и нема да ја продолжи соработката, па останува да видиме само кога Милевски ќе биде промовиран како нов селектор на македонската фудбалска репрезентација.