Милевски: Македонија беше подобра, но не сум задоволен од резултатот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија одигра 1-1 на гостувањето кај Бугарија, иако имаше многу шанси за победа, но сепак со реми ја почнавме Лигата на нации.

Македонскиот селектор Благоја Милевски по ремито кажа дека не е задоволен од резултатот, иако Македонија била подобар противник на теренот.

„Македонија беше подобра, но не сум задоволен од резултатот. Одигравме одлично второ полувреме, додека првото беше добро. Го контролиравме дуелот, но во овој период фудбалерите не се во најдобра форма“, кажа Милевски.