Милевски: Ова не е приватен тим, ова е екипа на Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Боби Милевски денеска официјално беше промовиран како нов селектор на Македонија, а на прес-конференцијата се заблагодари за добиената доверба.

Милевски вети дека ќе го даде максимумот и порача дека со нетрпение го очекува почетокот на септемврискиот циклус на натпревари.

,,Благодарам за дадената доверба, можам да ветам дека ќе дадам максимум. Со нетрпение го чекам почетокот на септемврискиот циклус. Возбуден сум што ќе видам познати лица. Наша цел се успешни квалификации и да останеме успешни до крајот на истите. Не случајно бев присутен на Европското првенство. Не треба да не залажува победата над Германија, видовме на ЕП и тие натпревари треба да бидат наша насока до каде сме. Ништо нема да ни значи таа победа ако не бидеме на нивото на кое што сакаме да бидеме. Оваа репрезентација ома потенцијал и ќе се обидеме максимално да го искористиме. Ова не е мој приватен тим, ниту тим на мојот претходник. Кој ќе биде повикан ќе зависи само на нив. Ова е тим на Македонија, тие ќе треба да одговорат на предизвиците”, вели Милевски.

Милевски зборуваше за тоа и дали ќе се обиде да го врати Пандев во репрезентацијата.

,,Горан е легенда, но тој беше категоричен во својата одлука. Мое е да направам се за да се обидам да ја пополнам таа празнина, која секако ќе биде огромна”, кажа новиот селектор.

Селекторот на Македонија зборуваш и со Адис Јаховиќ, како и со уште неколку потенцијални репрезентативци.

,,Остварив средба со Адис и не само со него со уште неколку потенцијални репрезентативци. Адис изрази желба да се врати и да помогне на репрезентацијата”, објаснува Милевски.