Милевски: Резултатот не ми беше важен, туку победата!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Македонија славеше со 4-0 на гостински терен кај Лихтенштајн, а по натпреварот селекторот Боби Милевски кажа дека важно било тоа што победиле.

Милевски смета дека не бил важен резултатот, туку победата која ни носи три бода во трката за второто место во групата.

„Пред почетокот на натпреварот напоменав дека ќе пристапиме максимално сериозно. Не ми беше важно и не помислував било кој резултат. Важни ми беа трите бода, важно ми беше како ќе се однесуваат моите играчи, а тие го направија тоа што го видовме вечерва. Напоменав дека ние сме во фаза на формирање на тим, во фаза сме на менување на физиономијата на тимот. Претходно кажав дека тимот се спрема за евроквалификациите за Евро 2024, овие квалификации ни служат за воигрување и ќе ја искористиме секоја шанса која ќе ни се укаже. Во ниту еден момент не стравувме, момците од самиот почеток влегоа онака како што се договориме. Затоа сакам да им честитам на залагањето, сериозната и тоа што секој индивидуалец се стави во корист на тимот“, кажа селекторот Милевски.