Милевски: Велс е можеби најтежок противник од кога сум селектор!


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Во второто коло од квалификациите за СП 2026, Македонија ќе се соочи со Велс. Селекторот Благоја Милевски нагласи дека ривалот бил темелно анализиран.

Милевски истакна дека за да се постигне добар резултат, тимот мора да го даде својот максимум.

„Велс го анализиравме, не само на вчерашниот натпревар, туку и на сите натпревари откако имаат нов селектор. Мораме да бидеме максимално фокусирани, ако сакаме позитивен резултат. И пред натпреварот со Лихтенштајн кажав дека, емоциите се тука. Целата подготовка за овие натпревари е тешка, па поради тоа ова можеби е најтешкиот натпревар. Но, ако можеме на некој начин да се одолжиме и да дадеме поддршка на настраданите, тоа е со добра игра и победа“, вели Милевски.

Тој додаде дека иако Велс е фаворит, Македонија ќе се обиде да ги изненади.

„Не сме фаворити, Велс ја има таа улога. Велс има фудбалери кои се натпреваруваат во Премиерлигата и Чемпионшип-лигата. На нас е да се подготвиме на највисоко ниво и да се обидеме да изненадиме. Кажав и претходно дека утре мораме тактички и физички да бидеме совршени ако сакаме позитивен резултат. Велс можеби е најсериозниот противник од кога сум јас тука. Станува збор за една квалитетна репрезентација и нè чека многу сериозен противник, ќе видиме како Македонија ќе одговори“, додава селекторот.