Милијарда евра не се одбиваат: Винисиус сака да оди во С. Арабија, веќе се знае кога си оди од Реал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија пред неколку дена дека Винисиус Жуниорr одбил понуда од Реал Мадрид за продолжување на договорот, а повторно се актуализирала приказната дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија и дека на масата има понуда од неверојатни милијарда евра.

Винисиус е веќе денови во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако не доби „Златна топка“, поради што во Реал Мадрид го бојкотираа доделувањето на наградата што се одржала во Париз.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека еден од клубовите од С. Арабија понудил на Винисиус долгогодишен договор вреден неверојатни милијарда евра, и во случај Бразилецот да ја прифати истата, би станал далеку најплатениот фудбалер во светот.

„Марка“ тврди дека сега навистина изгледна опција е Винисиус во летото 2026 година да ги спакува куферите и да оди во С. Арабија, и наводно веќе тоа го дал на знаење на Перез.