Милинковиќ-Савиќ се сели во С. Арабија за 140 милиони евра!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе ја продолжи кариерата во Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Ал Хилал ги договара деталите со Лацио, откако претходно постигна договор со српскиот фудбалер.

Италијанскиот прволигаш ќе добие околу 42 милиони евра за трансферот, додека Милинковиќ-Савиќ за тригодишен договор ќе заработи 100 милиони евра.

Ал Хилал претходно се засили со Калиду Кулибали и Рубен Невеш, а планира и да договори уште неколку засилувања во следниот период.