Милиони сметаат дека мечот е наместен: Џексон се огласи по борбата со Федор (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот борец Федор Емелианко стави точка на кариерата во Јапонија со победата против Американецот Квитон Џексон, а по мечот се појавија шпекулации дека дуелот бил наместен.

Емилианенко, кој има 43 години, стигна до 39 победа во кариерата и 15. нокаут, а милиони фанови ширум светот веруваат дека Русинот во борбата претходно се договорил за исходот од средбата.

За Џексон ова беше 14. пораз и првпат беше запрен од 2005 година кога губеше од Маурицио Руе и Хиротака Јокои.

„Никогаш не би имал наместена борба, Федор победи чесно. Морам да ослабам, сам сум виновен за поразот. Некогаш победуваш, некогаш губиш. Љубов до сите мои вистински фанови“, порача Џексон.