Милитао успешно опериран, Реал Мадрид мора да бара негова замена


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид Едер Милитао денеска беше испратен на операција на коленото и се очекува да се врати на теренот за околу девет месеци.

Шпанскиот „АС“ пренесе дека операцијата поминала добро, 10 дена откако дефанзивниот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и го повреди менискусот за време на натпреварот против Осасуна на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Се очекува 26-годишниот бразилски фудбалер да биде подготвен наредното лето за подготовките за наредната сезона.

Милитао пропушти поголем дел од минатата сезона бидејќи уште во првиот натпревар ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. На теренот се врати во март и учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и титулата во Ла Лига.

.