Милосављев: Да живее Вардар, да живее Македонија!

Младиот голман Дејан Милосављев ја освои наградата за најдобар чувар на мреќата на завршниот турнир во Лигата на шампиони во Келн со Вардар.

Милосављев беше важен дел од екипата и го предводеше таборот на „црвено-црните“ до втор трофеј во елитното натпреварување, а синоќа имаше емотивна изјава пред илјадници навивачи, кои ги пречекаа Вардарци на градскиот плоштад во Скопје.

„Ова е нешто посебно. Игравме до ‘коска’ за вас. Се надевам дека сте горди на нас и на успехот. Да живее Вардар, да живее Македонија“, кажа Милосављев.

Милосављев следната сезона ќе брани во германски Фуксе Берлин.