Милвоки донесе фантастично засилување за следната сезона во НБА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милвоки Бакс во своите редови го донесоа искусниот бек Кајл Корвер, кој потпиша едногодишен договор.

Корвер бираше меѓу Филаделфија и Милвоки, а на крајот за неговиот избор главна улога одигра тренерот Мајк Буденхолцер со кој соработуваше неколку сезони во Атланта Хокс.

Тој уште во 2003 година стигна во НБА-лигата, откако на драфтот го избраа како 51. пик од страна на Њу Џерс Нетс.

Веднаш го трејдуваа во Филаделфија, кадешто остана четири години, а потоа настапуваше уште во Јута Џез, Чикаго Булс, Атланта, Кливленд и на крајот се врати уште еднаш во Јута.

Овој одличен шутер е и рекордер во НБА-лигата по постигнати тројки во една сезона (53,6%).

Најдобар беше додека го носеше дресот на Атланта, кадешто во просек постигнуваше по 9,9 поени, три скокови и 1,7 асистенции, по меч за поминати 25,7 минути на паркетот.