Милвоки го „покоси“ Бостон за 11. победа по ред (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милвоки бакс е во одлична форма и го запиша 11. триумф по ред, откако синоќа славеше против Бостон селтикс со 131-125.

Натпреварот беше интересен и Бостон во третата четвртина стигна до +14, меѓутоа Милвоки го сврте дуелот во своја корист во последните 12 минути и славеше со 131-125.

Холидеј беше најдобар на паркетот со 40 поени, додека Адетокумпо постигна 36 поени и 13 скокови.

Резултати:

Торонто – Орландо 123-113

Феникс – Сакраменто 120-109

ЛА Клиперс – Голден стејт 134-124

Портланд – Вашингтон 101-126