Минатото лето можеше да го загуби животот на ЕП, а сега се враќа во Премиерлигата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Ериксен повторно ќе игра фудбал  и тоа во најсилната лига, а тоа е англиската Премиерлига, барем така најавуваат англиските медиуми, меѓу кои и „Скај Спорт“.

Данскиот репрезентативец наводно се договорил со Брентфорд и наскоро треба да пристигне официјална потврда.

Искусниот фудбалер ќе му се приклучи на тимот од Лондон и ќе остане во Брентфорд до крајот на сезоната, по што ќе ја разгледа опцијата за продолжување на соработката.

Ериксен неодамна го прекина договорот со Интер затоа што во Италија не им е дозволено на фудбалерите да играат со вграден дефибрилатор, а англиските екипи немаат такво проблем.

Данецот претходно кажа дека сака да остане во форма и планира да настапи на следното Светско првенство (СП) кое ќе се одигра во Катар на крајот на годинава.